Високиот функционер на милитантната исламистичка група Хамас, Осама Хамдан денеска изјави дека нема напредок во преговорите за прекин на огнот со Израел во војната во Газа.
„Хамас останува подготвен да излезе во корист на секој предлог за прекин на огнот што ќе стави крај на војната“, рече Хамдан на прес-конференција во Бејрут.
Напорите на арапските посредници поддржани од САД досега не доведоа до договор за прекин на огнот.
Условот на Хамас е договорот да стави крај на војната и да доведе до целосно повлекување на Израел од Газа, додека Израел вели дека ќе прифати само привремени паузи во борбите додека групата Хамас, која е на власт во Газа од 2007 година, не биде искоренета. Хамдан, исто така, ги обвини САД дека вршат притисок врз Хамас да ги прифати условите на Израел.
„Уште еднаш Хамас е подготвен да даде позитивна изјава за секој предлог што обезбедува траен прекин на огнот, сеопфатно повлекување од Појасот Газа и сериозен договор за размена“, рече Хамдан, мислејќи на потенцијалната размена на заложници во Газа за Палестинците во израелски затвори.
Кога милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, тие убиле околу 1.200 луѓе и зеле повеќе од 250 заложници, според израелски извори. Одмаздничката офанзива на Израел досега однесе речиси 38.000 животи, според Министерството за здравство на Газа, и ја остави густо изградената крајбрежна енклава во урнатини.