Маж од Србија тешко го ранил полицаецот пред израелската Амбасада во Белград

Од:

Според првите неофицијални информации кои ги објави српски Курир, човекот кој денеска околу 11 часот нападна жандарм (34) ранувајќи го со самострел додека бил на безбедносна должност пред израелската амбасада на Дедиње во Белград, е српски државјанин од Младеновац.

Тој наводно ја сменил верата и отишол да живее во Нови Пазар и го сменил името во Салахудин. Неговото тело се уште е на лице место, на Дедиње.

Бил облечен во бела маица и темно сиви панталони, имал долга брада и кратка фризура. Носел хируршка маска и капа. Со себе имал ранец и торба од која го извадил самострелот.

Полицаецот во самоодбрана го застрелал овој напаѓач, кој починал на лице место, а според неофицијални информации на местото на настанот дошол со автомобил.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он