Луксузната јахта „Акцептус“ закотвена во пристаништето Макарска се запали во петокот нешто пред полноќ, а од засега неутврдени причини пожарот брзо се проширил.
Во моментот на пожарот на бродот имало три лица, но тие не се повредени.
Во интервенцијата учествувале 11 противпожарни единици од регионот на Макарска, а борбата со пожарот траела цела ноќ.