ВИДЕО: Моменти од настапот на Бајден кои предизвикаа паника кај демократите

Од:

„Сè што требаше да направи Џо Бајден е да го повтори својот говор за состојбата на Унијата што ги исполни очекувањата“.

Станува збор за реченица од почетокот на анализата на Политико за дебатата во која Бајден не само што ги разочара, велат тие, туку и им влеа страв на демократите, меѓу кои може да се слушне дека треба да се најде друг кандидат за претседателската функција.

Дебатата покажа дека Бајден на моменти го губи својот циклус на мисли, што според некои набљудувачи предизвика „паника“ во Демократската партија и кампањата Бајден-Харис. Ваквите моменти им дадоа на поддржувачите на Трамп дополнителен материјал за напади. Имено, може да се слушне и дека лошиот настап на Бајден во дебатата им наштетил на шансите на демократите да го победат Доналд Трамп на изборите.

Дејвид Акселрод, демократски стратег кој беше вклучен во победите на Барак Обама во две претседателски кампањи, остро го коментираше настапот на Бајден. „Изгледаше малку дезориентиран. Стануваше посилен како што течеше дебатата, но до тој момент, мислам дека паниката започна“, изјави Акселрод за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он