Шеќерот е најраспространетата дрога на денешницата и е причина за повеќе смртни случаи отколку сите други супстанци заедно, поради што научниците предлагаат да се продава со предупредување за опасност по здравјето.
– Засладените јадења и пијалоци треба да се продаваат со предупредување за нивната штетност, исто како натписите на кутиите со цигари, смета холандскиот директор на Здравствената служба во Амстердам, Паул ван дер Велпен.
Тој и голем број научници се согласуваат дека шеќерот денес е најопасната дрога, првично бидејќи е лесно достапен, се конзумира во големи количества, а луѓето не се воопшто свесни за неговото влијание.
Различни истражувања ја потврдуваат штетноста на шеќерот како причина за заболување од дијабетис, срцев удар, па дури и рак. Исто така, се потврдува и дека шеќерт, како и секоја друга зависност е заразен, го намалува чувството за толеранција и поттикнува желба за уште поголеми количества.