Продолжува процесот на легализација на дивоградбите во Прилеп

Од:

До крајот на годинавасе очекува Општина Прилеп да заврши со легализацијата на дивоградби и со тоа да биде меѓу првите во земјава.Од септември 2011 година, кога започна овој процес, па сѐ досега, поднесени се повеќе од 15 илјади барања.

По завршување на процесот, локалната самоуправа очекува да инкасираоколу 1,5 милион евра, а со легализацијата на постојните објекти ќе биде зголемена и основицата за оданочување, што би значело и повеќе средства во општинската каса, а со тоа и зголемување на кредитниот рејтинг на градот од 500 на околу 600 милиони евра.

Од Општината апелираат до граѓаните што не ја комплетирале потребната документација тоа да го сторат најдоцна до јуни следната година, кога е и крајниот рок за аплицирање, за да имаат повеќе простор за разгледување и комплетирање на поднесените барања, а ова најчесто се однесува на геодетските елаборати.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај