Мицкоски: Во овој момент сум немоќен, ќе морам да ја кажам таа срамна придавка

Од:

„На граѓаните им е потребен фокус, им треба повисок стандард, повисоки плати. Помирен живот, желба да живеат тука во Македонија. Нападите што ги слушам овие два дена се сведуваат на две тези. Преспанскиот договор и Францускиот предлог. СДСМ, не ја научивте лекцијата од граѓаните. Со овие лаги и конструкции нема да ја повратите довербата, ќе треба време да ја вратите. Ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Поразот ви се случи затоа што народот сака да гледа нови луѓе. Мојата рака ви беше подадена, за се што е национален интерес“ рече мандатарот Христијан Мицкоски пред да се гласа за новата Влада.

Тој кажа дека „ваков бугарски диктат“ додека е премиер нема да помине и уставни измени нема да има. Пред да влегувате во авантури требаше да седнеме да разговараме. Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја исправам, во овој момент сум немоќен. Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка. Ќе видите што значи работа. Мојата борба ќе е секој ден, да не ги разочарам граѓаните. Она што го ветувам е дека нема да се откажам. Нашите граѓани заслужуваат подобро. Време е татковината да создава за нашите граѓани. Заедно можеме да изградиме светла иднина. За неколку часа почнуваат првите 100 дена од новата влада. Ветуваме дека ќе ги подигнеме стандардите. Во првите 100 дена ќе ги намалиме даноците, ќе ги зголемиме пензиите. Фронт против корупцијата, почеток на капитални инфраструктурни проекти“, рече Мицкоски.

– Advertisements –

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски