Чарли и Џорџина Норман од Велика Британија се брат и сестра близнаци, но родени се со разлика од три години. Зачнати се во исто време со замрзната сперма, откако нивниот татко се избори со рак на тестисите.
Во несреќната 2006 година, на Ричард Норман му е дијагностициран рак на тестиси. Затоа што тој и неговата сопруга не сакале да отстапат од идејата да имаат деца, Ричард по советот на лекарот одлучи пред отстранување на десниот тестис и хемотерапијата, своето семе да го складира во банката за сперми.
Неколку години подоцна, кога Ричард бил подобро, госпоѓа Норман се подложи на вонтелесно оплодување. Затоа што повеќе ембриони биле успешно оплодени одлучиле веднаш да зачнат едно дете, а другиот ембрион го замрзнат.
Така на свет во 2010 година дојде Чарли, а неговата сестра близначка Џорџина се роди во ноември, минатата година.
– Како бебиња беа идентични. Меѓутоа, кога луѓето ќе ги погледнат не можат да поверуваат дека се зачнати во исто време. Што донекаде е и логично, затоа што Чарли е три години постар од својата сесра, објасни мајката.
– Можноста на овој начин да добие деца беше огромна психичка помош за Ричард, додека се бореше со ракот. Дадена му е причина да продолжи да се бори, затоа што очајнички сакаше да стане татко, раскажува госпоѓа Норман.