Мицкоски за реакциите за Стоиљковиќ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции

Од:

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.

Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат, но нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.

-Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.

На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

-Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Мицкоски: Ќе предложиме резолуција за заштита на македонските национални интереси после локалните избори

Горан Наумовски

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Платите во јули пораснаа за над 10,5 отсто споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени, вели Мицкоски