Култната драма „Офицер и џентламен“ во која Ричард Гир ја играше главната улога, наскоро ќе добие римејк.
Според Variety, Paramount работи на римејк на филмот од 1982 година, а главната улога ќе ја добие Мајлс Телер. Сепак, се уште не е познато кој ќе ја добие главната женска улога, која претходно ја толкуваше Дебра Вингер.
Претстојниот римејк на Paramount ќе го продуцира Темпл Хил со последниот нацрт на сценариото напишан од Дејна Фокс, а оригинално напишан од Мет Џонсон.
Заплетот на филмот го следи Зак Мајо, млад човек кој влегол во училиштето на американските поморски воздухопловни сили. Поради својата природа, тој често доаѓа во конфликт со своите претпоставени, особено со наредникот Емил Фоли (Луис Госет Џуниор). Меѓутоа, ситуацијата се менува откако Зак ја запознава Пола, девојка од фабрика која сонува да замине од дома.
Инаку, филмот постигна голем успех на бокс офисот и доби шест номинации за Оскар. На крајот освои две, за најдобра песна и најдобра споредна машка улога. Интересно е што Оскарот за најдобра споредна машка улога го доби Луис Госет Џуниор со што стана првиот Афроамериканец кој ја освоил оваа награда.