Возило излетало на железничка пруга, повредени се две лица кои ги извлекувале пожарникари

Од:

Центарот за управување сo кризи информираше за брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување на две повредени лица на железничка пруга, и да се отстрани хаварисаното возило од пругата до наредно поминување на воз Велес – Градско. Акцијата била ограничена до времето кога требало да помине наредниот воз.

Едно од лицата има тешки и сериозни повреди.

„Во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено. Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга. Повредените лицата веднаш беа пренесени во Велешката болница, а параелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга,  екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот“, информираа од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола

Во моментов има 13 активни пожари, на помош се чека најавениот дожд

A1on

(ВИДЕО) Спасен е Исмаил Муратов по кого се трагаше 24 часа