Сиљановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија. Пред почетокот на сесијата претседателката Сиљановска Давкова изјави дека една од најважните пораки е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, туку како европски и светски проблем.

„Неподелени беа мислењата дека дијалогот е здрава работа, дека мировната конференција навистина и покрај многуте учесници дојде до единствени сознанија. Најчесто се повикувавме сите на Повелбата на Обединетите Нации, најчесто се повикувавме сите на мировните решенија“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека денеска учествувала и на панелот за безбедноста, односно опасноста по безбедноста за храната, од што и ние сме засегнати.

„Уште еден доказ дека она што се случува, односно војната, нè засега сите и дека сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение, тоа значи, праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир, јас велам Кантов вечен мир. Еднаш мислам дека е крајно време, наместо да велиме никогаш повеќе и повторно да се соочуваме со војна, да се потсетиме на ноторниот факт дека Европската заедница настана како мировен проект и дека Европската Унија, но и сите држави во светот, имаат обврска да го чуваат мирот“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Заблагодарувајќи се на Швајцарската Конфедерација за организирањето на Самитот, таа додаде дека остварила куси средби со претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На маргините на конференцијата претседателката Сиљановска Давкова оствари средби со повеќе други светски лидери.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

А1он

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

За Сиљановска Договорот со Обединетото Кралство е извонреден

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, туку реална слика на општествената реалност

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

А1он