Хорор во Загреб: Маж шетал гол по улица и со секира кршел автомобили, а во неговата куќа пронајдено е тело на жена

Од:

Поради пронајдено мртво тело во областа Суседград во Загреб, полицијата спроведува истрага. Телото е пронајдено во куќата на маж кој е под полициски надзор, а кривичната истрага е во тек, извести хрватската полиција.

„Денеска, 13.06.2024 година, околу 14,25 часот на подрачјето на Суседград, добиена е пријава дека маж без облека се движел по улица и со секира оштетува автомобили, по што се упатил на својата домашна адреса. Пристигнувајќи на неговата адреса, полициски службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата каде што живее, пронајдено е тело на жена, најверојатно постара членка на семејството, за која засега не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото, поради последиците што настанале со текот на времето“, соопшти полицијата.

Истражниот тим на полициската управа во Загреб врши увид на местото на инцидентот.

Мажот е под надзор на полицијата, а во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег