Полицијата во Бор уапсила државјанин на Северна Македонија Н.Г.(51) за тешка кражба.
Тој е осомничен дека провалил во магацини на кинеска компанија и украл околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.
Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот.
По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.