Обид за убиство се случил во Долна Саксонија, Германија, кога тројца мажи и една жена со часови мачеле 17-годишна девојка пред да ја фрлат во реката Емс. Измачената девојка го преживеала малтретирањето.
Магазинот „Феникс“ пишува дека насилниците се во притвор, а девојката ги познавала од претходно.
– Злосторството е многу грозоморно и сурово. Мотивот засега е непознат. Девојката имала голема среќа што го преживеала ова злосторство, изјавил Александар Ретемајер од јавното обвинителство во Оснабрик.
На крајот била фрлена во несвест и врзана во студената река Емс, рече Ретемајер и додаде дека температурата на реката таа ноќ била 12 степени.
Од малтретирањето девојчето се здобило со повреди опасни по живот, а најверојатно се разбудила од несвест во студената вода и успеала да дојде до брегот. Се довлечкала до својата куќа, заѕвонила и се струполила на прагот.
Откако била пренесена во болница, нејзиниот живот повеќе не е во животна опасност.
Истрагата е во тек, а полицијата се уште не соопштува детали за идентитетот на напаѓачот, пишува магазинот „Феникс“