ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон

Од:

СДСМ полека станува изолирана партија. Тие не поддржаа системски закон, иако огромното двотретинско мнозинство на пратеници во Собранието изгласаа закон со што се покажа дека ВМРО ДПМНЕ за важните прашања има капацитет да води политички процес и да обезбеди поддршка. Од друга страна СДСМ се самоизолира и покажа дека е против државните интереси. Да беше тендер сигурно ќе го поддржеа, но системски закони не, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нормално против беше Венко Филипче кој да беше тендер на Пановски веднаш ќе го поддржеше исто како кога беше министер. Исто како и Славјанка Петровска која во својата кариера е позната по гафови и несреќни изјави. Тие од трката за лидер на СДСМ направија пародија и низ призмата на нивната борба носат одлуки во Собранието. За среќа овие ликови народот ги прати во историјата на последните избори. Потребно е сега да се соочат и со одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот