Бројот на мигранти фатени како илегално ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико е намален, покажуваат податоците до кои дојде Ројтерс.
Неименуван висок функционер на американската гранична служба изјавил дека тоа укажува дека новата рестриктивна политика на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја обесхрабрува илегалната имиграција, пренесува британската агенција.
Тој официјален претставник изјави дека американските гранични патроли уапсиле околу 3.100 луѓе кои илегално ја преминале границата во петокот, што е за околу 20 отсто помалку од претходните денови.