Гаши бил погрешно разбран: Мојата татковина е Северна Македонија

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и објасни дека негова татковина е Северна Македонија, а дека Косово е родно место или татковина на неговите родители и тој го почитува тоа како такво заради нив.

Објаснувањето на Гаши следи откако неговата изјава дека Косово е неговата татковина предизвика бурни реакции во јавноста, а мандатарот Христијан Мицкоски му порача да им се извини на граѓаните на Македонија, ако навистина така изјавил.

-Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.
Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“ – напиша Гаши.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски