Мицкоски: Гаши да им се извини на македонските граѓани ако кажал дека Косово е негова татковина

Од:

Мицкоски по добивањето на мандатот за состав на новата Влада беше запрашан од новинарите како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши дека неговата татковина е Косово. Мицкоски истакна дека не ја слушнал изјавата, но треба да се извини веднаш ако кажал дека негова татковина е Косово.

„ Јас мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните од Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, со оглед дека добива плата од тука и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на Собранието“, рече Мицкоски.

Африм Гаши, во интервју за косовската телевизија „РТК“ зборувајќи за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје, порачал дека Косово е негова татковина и дека будно ги следи процесите таму.

„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а поради техничките причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го донел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град. За кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Јас сум роден во Скопје, а моите двајца братучеди продолжија да живеат во Качаник“, рекол Гаши.

„ Луѓето родени по деведесеттите не можат го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово“ вели  Гаши во интервјуто.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски