Извлечено тело на старец од Тополка, бил пријавен за исчезнат

Од:

На бројот за итни повици 112 во ЦУК, вчера (04 јуни 2024) околу 21.30 часот риболовец пријавил дека забележал безживотно човечко тело пред вливот на реката Тополка во Вардар во близина на последните куќи од јужната страна на Велес.

Секторот за операции и координација од ЦУК ги известил МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес.

Бидејки влегувањето во брзите и надојдени води на р. Тополка во текот на ноќта не било безбедно, извлекувањето на телото беше извршено денес претпладне околу 10.00 часот од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица “Тигар”.

Телото е идентификувано од синот кој синоќа пријавил дека неговиот татко С.С. (80) е исчезнат.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица