Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе поднесат неколку законски измени за подобра правна држава и функционирање на институциите. Меѓу кои говореше и за укинување на Техничката влада, позната како Пржинска влада.

Како што рече Мицкоски, тие уште пред изборите го изнеле ставот дека Техничката влада повеќе не е потребна, но тогаш немало слух за нивните предлози да се укине.

„Планираме неколку законски решенија, или како пратеничка група или како коалиција да ги поднесеме во Парламентот. Еден е и тој, зборуваме за Техничката влада. Уште пред изборите имавме јасен став, дека нема потреба од Техничка влада…еден од законите ќе биде тој“, рече Мицкоски.

Според т.н. пржински договор, за надминување на политичката криза од 2015 година, сто дена пред парламентарните избори се воспоставува т.н. преодна влада, која треба да обезбеди фер и демократски избори. Со учество на министри од опозицијата, во таа популарно наречена техничка влада, се очекува да бидат спречени евентуални манипулации на власта, со кои би си обезбедила логистичка предност во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата