Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Од:

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата соопштија од партијата.

– Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е во целосен колапс и истиот не може да обезбеди врвна здравствена заштита на граѓаните. Состојбата е слична во многу други институции, а перфидните најави и закани за дестабилизација на државата на етничка основа само ја изоструваат потребата од брзо формирање Влада, која треба да профункционира со полн капацитет. Добро е во Парламентот да има координации, усогласувања и компромиси, но врвен државен интерес е реорганизација на министерствата и избор на нова Влада. Сѐ друго е политизација и манипулација, на штета на интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа