Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Од:

На светските пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, вторпат по ред, а во цел мај забележаа најголем месечен пад оваа година, бидејќи глобалната побарувачка не е толку силна како што се надеваа трговците. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 0,6 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1 отсто, на 76,99 долари. Во текот на целиот мај цената на барелот на лондонскиот пазар падна за околу 7 отсто, а на американскиот за околу 6 отсто, што е нивна најголема месечна загуба оваа година.

Ова најмногу се должи на пораките од американската централна банка дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата во САД се уште е покачена. Ниту една друга централна банка во светот нема да ја намали цената на парите толку брзо како што се надеваа трговците, што значи дека може да се очекува забавување на растот на економиите, а со тоа и на побарувачката на нафта.

Европската централна банка се очекува да ги намали каматните стапки оваа недела, но ќе биде потребно извесно време пред да се забрза растот на економиите во еврозоната.

Трговците минатата недела ги загрижи и податокот за зголемување на залихите на бензин во САД во претходната недела за два милиони барели. Побарувачката на бензин била за два отсто помала од претходната недела, покажуваат податоците на Министерството за енергетика.

„(Минатиот) викенд и Денот на меморијата го означија почетокот на летната сезона на патувања во САД и раните показатели сигнализираат силна активност во однос на возењето и летовите. Сепак, потрошувачката на гориво се чини попригушена“, велат аналитичарите на Citi.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот