Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Од:

Живко Грозданоски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.

На денешното изборно собрание за членови на Управниот одбор на ДПМ се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски.

Според Статутот на ДПМ за претседател се бира оној кандидат што добил најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.

Би можело да ве интересира

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија