Во Прага средба на Османи со Блинкен

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се сретнал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага, соопштија од МНР.

На средбата се разговарало за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифирал за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

– Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот, нагласил Османи, стои во соопштението.

Тој се заблагодарил за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласил и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен, се додава во соопштението, заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.

Како што соопштија од МНР, соговорниците се осврнале и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он

Бујар Османи – кандидат за градоначалник на Чаир, Бајрам Реџепи ќе „се трка“ во Тетово

А1он

На следните парламентарни избори ДУИ ќе предложи отворени листи

Катерина Ѓуровски