Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Од:

Констатирање на оставката на претседателот Димитар Ковачевски и на целото раководство, утврдување на времената рамка за одржување на отчетен конгрес, правилниците и критериумите за изборот на новиот претседател на СДСМ, се точките за кои вечерва расправа Централниот одбор на партијата.

– Ова е прва седница на Централниот одбор на партијата по изборниот пораз, веројатно ќе се отворат многу прашања за кои ќе се дискутира. По завршувањето на ЦО, јавноста ќе биде информирана, изјави Лукаревска.

Претседателот на СДСМ во оставка Димитар Ковачевски пред седницата рече дека на ЦО ќе се носат одлуките во врска со отпочнувањето на процесот за избор на нов претседател и ново раководство, ќе се донесат роковниците и ќе се закаже конгресот.

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски потврди дека на ЦО ќе се утврдуваат критериумите и постапката за внатрепартиските избори.

– Како што најавивме, на 30 јуни ќе се случат внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, така што сите детали ќе ги дискутираме на ЦО. По завршување на седницата на ЦО ќе бидат објавени сите акти и се она што ќе биде донесено, рече Каевски.

По оставката на лидерот на партијата Димитар Ковачевски и на целото раководство на партијата, во понеделникот Извршниот одбор на партијата донесе одлука за распишување на вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои се закажани за 30 јуни

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот