Лажеле повозрасни граѓани дека нивни блиски направиле сообраќајка и им земале пари – кривична за Бугарка и охриѓанец

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава на охриѓанец и бугарска државјанка кои мамеле повозрасни охриѓани дека нивните блиски имале сообраќајна несреќа во кои имало жртви.

„Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид. Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В.“, информираат од СВР Охрид.

Измамниците се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“