Завршува мандатот на Кацарска, избор на нов претседател на Уставен суд

Од:

Уставен суд денеска треба да добие нов претседател. На актуелната претседателка, Добриа Кацарска, мандатот и истекува на 2 јуни.

Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Седницата е закажана за 10 часот.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии