Иџет Мемети не се појави на седница на Советот на јавни обвинители, размислува да даде оставка од функцијата потпретседател

Од:

Иџет Мемети, членот на Советот на јавни обвинители кој во моментов е со мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание денеска не дојде на седница на Советот. Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

Како што информираше претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриеска, Меџити непосредно пред почетокот ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница.

„ Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители“, рече Димитриеска.

Во изјава за медиуми по определувањето на мерки на претпазливост изминатата недела, осомниченииот Мемети, пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.

„Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил“, изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

На врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело му беше определена мерка притвор во  траење од 30 дена.

Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Иџет Мемети се спогоди со Обвинителството, призна вина во замена за условна казна

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети

Предложени мерки на претпазливост за второосомничениот Иџет Мемети

Предраг Петровиќ

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

Кривичен денеска ќе одлучи дали судијата Георгиев ќе оди во притвор, за Мемети нема да се бара најстрога мерка