Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Од:

Хорот и оркестарот на ООУ “Кузман Јосифовски – Питу” и оваа година во центарот на вниманието. Туристичкото место, Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од Светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика, Вера Ангеловска.

На Светскиот куп во фолклор, учесниците настапија во различни дисциплини. Нашите претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи на пет вокали солисти и еден соло инструмент – гитара.

Старата македонска песна “Учи ме мајко карај ме” беше изборот на Ангеловска за хорот и оркестарот.

Оваа музичка дружина, која брои 49 члена, од кои 39 вокали, осум флејтисти и двајца гитаристи, ја “стресе” бината. Под диригентската палка на популарната Верче, Кузмановци блеснаа на отворената сцена, а за комплетен впечаток се погрижи прекрасната кореографија со автентични македонски предмети, како и рецитирањето на строфа од македонската љубовна песна Дениција.

Публиката задоволна, жирито исто така. Кузман и овој пат ги освои срцата на присутните. Освоеното второ место, пехарот, медаљите и дипломите ќе останат да сведочат за овој огромен успех на ООУ “Кузман Јосифовски – Питу”.

Паричниот ваучер ќе биде само мотив повеќе да се продолжи со работа до следното претставување на голем музички настан.

За одбележување е и фактот дека во оваа конкуренција немаше освоено прво место.

Исто така, тоа што остава впечаток од видеата објавени за настапот на кузмановци, е дефилето пред завршната вечер и прогласувањето на победниците, кога Македонија беше одбрана од страна на организаторот да ја предводи долгата редица од натпреварувачи низ улиците на Јесоло. Македонските песни ечеа низ улиците, македонските знамиња гордо се виореа меѓу толпата. Македонија треба да е горда на овие деца, на нивната менторка, на училиштето Кузман Јосифовски – Питу од Општина Кисела Вода.

За победничката еуфорија огромна заслуга имаат и медалите освоени од солистите и тоа: едно прво место, две втори и две трети места, како и една пофалница.

На задоволство на македонската експедиција, дојде и ексклузивната покана за прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер Де Зоти, кој испраќа поздрави до македонците и желби за уште поголем успех во иднина на музичките таленти од Македонија.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ