Карлос Алкараз се пласираше во второто коло на Ролан Гарос откако го совлада Џон Џефри Волф со 3:0 во сетови.
Третиот светски рекет славеше со 3:0 во сетови, по гемови 6:1, 6:2, 6:1, за еден час и 53 минути.
Алкараз не се мачеше многу во првото коло во Париз, но забележа рутинска победа. Волф немаше шанси.
Американецот одлично го отвори мечот, веднаш му го одзеде сервисот на Алкараз, но не успеа да го потврди брејкот – 1:1.
Во продолжение самоуверен беше шпанскиот тенисер. Успеа да направи двоен брејк, а потоа славеше на свој сервис без да загуби поен во првиот сет, дозволувајќи му на противникот само еден гем – 6:1.