Маж во Санкт Петербург отворил оган врз полицајците кои пристигнале на местото на инцидет кој го предизвикал пукајќи од прозорец и се забарикадирал во стан, пишува веб-страницата MVD Media.
Russia: A psycho shooting at passers-by from his balcony in Saint Petersburg. pic.twitter.com/BzwvMUK7G3
— Igor Sushko (@igorsushko) May 25, 2024
„На 25 мај полицијата добила дојава за конфликт при што се слушало пукање, најверојатно од огнено оружје. Полицијата брзо пристигнала на местото на инцидентот, напаѓачот пукал во нивна насока и се забарикадирал во стан, се наведува на веб-страницата, пренесе агенцијата РИА Новости.
Полицијата и Националната гарда се обидуваат да го приведат човекот кој пукал.