Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера положи венец на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија на кој не го пишува името на земјава.
На венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.
Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.