ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Од:

Израелската војска денеска го бомбардираше Појасот Газа, вклучително и Рафа, еден ден откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) му нареди да ги прекине своите операции во областа.

Највисокиот суд на ОН, чии пресуди се правно обврзувачки, но нема механизми за нивно спроведување, исто така му нареди на Израел да го задржи отворен преминот Рафа, неопходен за влез на хуманитарна помош, кој беше затворен по започнувањето на копнената операција на почетокот на мај.

Израел се бранеше со тврдењето дека „не спровел и нема да спроведе воени операции во областа Рафа кои создаваат услови за живот што би можеле да доведат до уништување на палестинското цивилно население, целосно или делумно“.

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое војува со Израел и е на власт во Газа од јуни 2007 година, ја поздрави пресудата на МСП, жалејќи се дека таа е ограничена „само на Рафа“. По вчерашната одлука на МСП, израелските бомбардирања продолжија во Појасот Газа. Истото важи и за судирите меѓу израелската армија и вооруженото крило на Хамас.

Рано утринава, палестински сведоци и тимови на АФП известија за израелски напади врз Рафа (југ), град на работ на Египет, но и врз Деир ал Балах (во централниот дел). „Се надеваме дека судската одлука ќе изврши притисок врз Израел да ја прекине оваа војна за истребување, бидејќи тука не остана ништо“, рече Оум Мохамад Ал-Аша, Палестинец од градот Газа раселен поради насилството во Деир ал Балах.

„Но, Израел е земја која се смета себеси над законот, па не верувам дека пукањето или војната може да се запре поинаку освен со сила“, нагласува Мохамед Салех.

Судот, каде Јужна Африка го обвинува Израел за „геноцид“, нареди не само итен прекин на огнот во Рафа, отворање на истоимениот граничен премин за да се дозволи влез на хуманитарна помош, туку и „итно и безусловно ослободување“ на заложниците од Хамас.

Претходно оваа недела, обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) побара налози за апсење на Хамас и израелските лидери, вклучително и Бенјамин Нетанјаху, за наводни злосторства извршени во Израел и во Појасот Газа.

Иако израелската влада го критикуваше соопштението на обвинителството, сепак им нареди на своите преговарачи „да се вратат на преговарачката маса за да ги вратат заложниците“, рече висок функционер.

На почетокот на мај, индиректните преговори меѓу Израел и Хамас, преку Катар, Египет и САД, не резултираа со договор за прекин на огнот поврзан со ослободување на палестинските заложници и затвореници кои ги држеше Израел.

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс се очекува во Париз да се обиде да ги рестартира преговорите за прекин на огнот во Газа, дознава АФП од западен извор близок до ова прашање. Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот ги прими катарскиот премиер и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Египет и Јордан „за да извршат притисок за прекин на огнот“, објави Каиро.

Според француското претседателство, лидерите разговарале во Елисејската палата за имплементација на „решение со две држави“, односно одржлива држава Палестина заедно со Израел. Шпанија, Ирска и Норвешка неодамна објавија дека ја признаваат државата Палестина.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите