Пекол за Надал во Париз, Алкараз и Синер пред финалето

Од:

Ждрепката за Ролан Гарос е направена, а вистински „пекол“ го чека Рафаел Надал, освојувач на 14 трофеи во Париз.

Рафа, кој не е во најдобра состојба, веќе во првото коло игра против еден од фаворитите Саша Зверев.

Дури и да биде успешен, следните кола би му донеле сериозни ривали. Прво Дејвид Гофан, а потоа Талон Грикспор или Мекензи Мекдоналд.

Во осминафиналето неговиот потенцијален ривал би бил подобриот од дуелот помеѓу Холгер Руне и Карен Хачанов, додека во четвртфиналето би требало да се пласираат Даниил Медведев и Алекс де Минор.

Во оваа половина од ждрепката е Новак Ѓоковиќ, потенцијален ривал во полуфиналето, додека во другата половина се Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Италијанецот стартува со Крис Еубенкс, а во неговиот дел од ждрепката за четврт-финалето се играчи како Стен Вавринка, Камерон Нори, Николас Џари, Хуберт Хуркач, Григор Димитров.

Што се однесува до Алкараз, неговиот прв ривал ќе биде квалификант, а потенцијални противници пред можниот дуел со Синер би можеле да бидат Џек Дрејпер, Себастијан Корда, Бен Шелтон/Феликс Огер-Алиасим, Андреј Рубљов/Стефанос Циципас.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ