Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен го осуди остро терористичкиот напад во Најроби во кој беа убиени над 60 луѓе и ранети околу 200.
Расмунсен изрази сочувство до семејствата на жртвите и сочувство до народот и Владата на Кенија.
– Такви пројави на терор се закана за сите нас и не може да бидат оправдани, нагласува тој во пораката, јави БТА.
Одговорност за нападот презедоа Ал Шабаб, исламистичка група поврзана со Ал Каеда. Групата тврди дека нападот врз трговскиот центар во Најроби е „одмазда за крминалот“ извршен од кениската армија во Сомалија заедно со силите на Африканската унија.