Палестинскиот амбасадор во Австрија и претставник во Обединетите нации, Салах Абдел Шафи денеска изјави дека Палестина повторно испратила предлог до Советот за безбедност на ОН да ја прими во ОН.
„Откако до Генералното собрание презентиравме предлог за прием на Палестина во ОН, кога тој беше одбиен поради американското вето барањето повторно беше испратено до Советот за безбедност на ОН“, рече Шафи.
Тој додаде дека следната недела очекува разговор со Советот за безбедност на ОН за ова прашање, пренесува РИА Новости.