ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Од:

Европската Унија нема намера да ги префрли приходите од замрзнатите средства во Русија и по укинувањето на санкциите.

Советот одлучи дека руските приходи не се сметаат за суверени средства. Одлуката ќе стапи во сила на 23 мај, според проширената одлука на Советот на ЕУ, објавено е во Службен весник на ЕУ.

„Неочекувани и вонредни приходи не треба да бидат достапни на Централната банка на Русија, во согласност со сегашните правила, дури и по укинувањето на забраната за трансакции“, се наведува во документот.

Советот на ЕУ одлучи дека приходите од руските резерви „не припаѓаат суверени фондови, а со тоа и нормите за заштита на суверените фондови не се применливи за нив“, пренесува Комерсант.

Под неочекувани и вонредни приходи, Советот на ЕУ подразбира приход што се акумулира благодарение на рестриктивните мерки. Прес-службата на претставништвото на Русија во Европската Унија одлуката на Советот на ЕУ ја нарече кражба, наведувајќи дека „последиците од создадениот преседан ќе бидат непредвидливи“ за ЕУ.

На 21 мај, Европската Комисија објави дека првите приходи од средствата на Централната банка на Русија ќе бидат префрлени во Украина во јули. Планирано е 90 отсто од остварената добивка во 2024 година да биде насочена кон Украина преку Европскиот фонд за мир.

Оваа година Украина може да добие три милијарди евра од руските замрзнати средства. Парите ќе бидат наменети за воена помош. По почетокот на специјалната воена операција во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа околу 280 милијарди долари средства на Централната банка на Русија. Повеќето од овие средства се чуваат од белгискиот депозитар Euroclear.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија