Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Од:

Главната финансиска директорка на AstraZeneca, Арадана Сарин, за време на интервју призна дека вакцините против Ковид-19 се смртоносни.

Она што таа го додаде четири години подоцна и откако компанијата објави дека ги повлекува сите свои вакцини против коронавирус, што звучи шокантно, е дека „не била нивна работа да се договорат за вакцините против Ковид“.

Поточно, зборувајќи за вакцините против коронавирусот, финансиската директорка на AstraZeneca изјави дека не било работа на компанијата да се занимава со тие вакцини, туку дека на тоа биле принудени поради пандемијата и глобалната здравствена криза.

„Ние доставувавме вакцини за време на пандемијата на Ковид повеќе затоа што, знаете, тоа беше јавна здравствена криза. Не беше наша работа да се занимаваме со вакцините против Ковид“, рече таа.

Но, како што објави грчкиот портал pronews.gr, тие сепак ги зеле парите, додека обештетувањата за оние кои починале како резултат на примањето вакцина против Ковид се уште не се платени, иако почнале судски процеси вредни милијарди и милијарди долари поради поднесени тужби против компанијата од роднините на жртвите и оние кои на крајот преживеале.

Грчкиот портал пишува дека само во таа земја по налог на владата на Мицотакис биле дадени вкупно 2,5 милиони дози од вакцината.

AstraZeneca неодамна објави дека планира да ги зголеми вкупните приходи на 80 милијарди долари до 2030 година, што е 75 отсто зголемување од 45,8 милијарди долари во 2023 година, рече Шарин.

Бизнисот на AstraZeneca историски се фокусираше на области како што се онкологијата и кардиоваскуларното здравје, и тоа ќе остане во фокусот на компанијата и понатаму, рече Шарин.

Лековите за дијабетес и метаболички болести, исто така, ќе играат улога во растот на AstraZeneca, се вели во соопштението.

AstraZeneca стана позната за време на пандемијата на Ковид-19 кога разви една од првите вакцини против болеста во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

Би можело да ве интересира

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Ана Ололовска

АстраЗенека побара одобрение од ФДА за третман со антитела против Ковид-19

А1он

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

Ана Ололовска

Фаучи: САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека

Ана Ололовска

На Тајланд направен робот што од шише на Астра Зенека може да извлече 12 дози вакцини

Ана Ололовска