Општина Карпош демантира дека издала одборение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

Од:

Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, Општина Карпош демантира дека е издадено било какво одобрение за негово функционирање од едноставна причина што општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија велат од општина Карпош.

– Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи во предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација. Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува државниот пазарен инспекторат.
Бидејќи во текот на вчерашниот дел на лице место покрај нашиот градежен инспектор беа и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај, се вели во соопштението од општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Општина Карпош ќе плати 2,4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Перински: Потегот на Струмица и Карпош не е решение, најмногу губат граѓаните

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески