Доналд Трамп уште еднаш го исмејуваше Џо Бајден коментирајќи го тврдењето од спротивниот табор дека се „замрзнал“ повеќе од 30 секунди среде говор на годишниот состанок на Националното стрелачко здружение NRA) за време на викендот.
Поранешниот американски претседател ги охрабруваше Тексашаните во говорот во Далас да го дадат својот глас на претседателските избори во ноември, кога одеднаш замолкна.
Поддржувачите на претседателот Џо Бајден за ова побрзаа да го нападнат Трамп со неговиот тим од кампањата означувајќи го како „слаб“ на социјалната мрежа Х, доведувајќи го во прашање менталниот капацитет на републиканецот.
Трамп, сепак, тврдеше дека целата работа е „измислена приказна за кампањата на Бајден“ во порака на неговата социјална мрежа “Truth Social”.
A feeble Trump nearly falls down on stage after he leans on his podium too hard and then goes on an angry rant calling his event workers “crappy” pic.twitter.com/4fzPZfgpuZ
— Biden-Harris HQ (@BidenHQ) May 18, 2024
„Кампањата на Бајден… објави лажна приказна дека сум се „замрзнал“ 30 секунди, влегувајќи во делот „Музички интерлуд“, кога всушност периодот на молчење од 30 до 60 секунди е стандарден во секој мој говор каде што користев музика“, рече тој, со типична спорадичнаупотреба на иголеми букви.
Трамп се обиде да ги спинува настаните за да го нападне претседателот Бајден, кој често се соочува со критики за неговата меморија и ментална подготвеност.
„Причината поради која дојдоа до оваа дезинформација е тоа што Бајден постојано се замрзнува, не може да состави две реченици и ретко може да се симне од сцената без помош. Доналд Трамп не се замрзнува!“
Трамп, како и обично, го исмејуваше Бајден за време на неговиот говор:
„Ова е ужасна платформа, кој ја постави оваа сцена овде? Тоа е страшно место за неуспех“, рече Трамп имитирајќи го Бајден додека толпата се смееше и додаде:
„Постојано се движи се повеќе и подалеку налево, како и многу други работи.