Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Од:

Претседателот на Тајван Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот инаугуративен говор дека мирот е единствениот начин и дека Пекинг мора да го почитува изборот на тајванскиот народ. Обраќајќи им се на луѓето собрани пред канцеларијата на претседателот во центарот на Тајпеј, Лаи рече дека сака да разговара со Кина, која го гледа островот како своја територија и никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го врати под своја контрола.

„Ја повикувам Кина да престане политички и воено да го заплашува Тајван и да преземе глобална одговорност заедно со Тајван за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот, за светот да не мора да се плаши од избувнување војна. И ние сакаме да го објавиме ова на светот: Тајван не прави отстапки во однос на демократијата и слободата. Мирот е единствениот начин и нашата цел е долгорочен мир и стабилност“, рече тој.

Засега нема реакција од Кина, која го нарече Лаи сепаратист пред изборите во јануари. Лаи (64), кој ја презеде функцијата од поранешниот шеф на државата Цаи Инг-вен, на која беше потпретседател во последните четири години, рече дека луѓето мора да бидат реални и да ги сфаќаат сериозно заканите и дека Тајван мора да покаже дека е решен да се брани. .

„Почитувани сограѓани, мирот е нашиот идеал, но не смееме да имаме илузии. Пред Кина да се откаже од употребата на сила за да го нападне Тајван, граѓаните мора да знаат: Дури и ако ги прифатиме сите барања на Кина и се откажеме од нашиот суверенитет, амбициите на Кина нема да исчезнат .

Лаи доби силен аплауз од толпата кога рече дека Република Кина, официјалното име на Тајван и Народна Република Кина „не се подредени една на друга“.

Тајванското Министерство за одбрана во денешниот дневен извештај објави дека шест кинески авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, кој претходно служеше како неофицијална граница, но Кина не го признава.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени