Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Од:

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничена дека сакала да изврши напад во Грац, а при претресот на нејзината куќа истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

Таа, како што се наведува, имала една цел: да ги убие сите неверници.

Според полицијата, девојчето веќе купило оружје како секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац.

Таа испратила слики од нејзините планови за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а планот вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но се сигурни дека нападот ќе се случел.

„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, рече портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.

Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство.

Претресот на куќата е извршен по наредба на јавниот обвинител во Грац, а на лице место е пронајдено оружје и облека, по што девојката е уапсена.

При распитот девојката не признала што планира, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Големо невреме во Австрија, Виена под вода

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Австрија: Жена и нејзините две деца се пронајдени мртви

Уапсен тинејџер од Ирак, бил дел од заговорот за напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена

Катерина Ѓуровски

Австриската полиција кај уапсениот терорист Беран пронашла мачети, ножеви, детонатори и фалсификувани евра