Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Од:

Грчката Влада реагираше со исклучително брзи рефлекси, на само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Северна Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.

– Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.

Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.

– Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат, истакна Герапетритис.

Би можело да ве интересира

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Грција: Нема воени гаранции за Украина по војната

Тепачка на плажа во Грција – ги нападна туристите кои сакаа да пливаат голи

А1он

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа

Грчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики

А1он