Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Од:

Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ втор ден е домаќин на Фестивалот на уметноста под мотото „Ликовна визија“. Во рамките на овој фестивал скулпторот Ангел Коруновски оддржа предавање на студентите и учениците, се со цел на полесен и побезбеден пат им ги пренесе естетските доживувања.

-Целта на денешната средба на овој ворк шоп, работилница е едукацијата и презентирањето на уметноста во правата смисла. Во смисла дека нашето опкружување е зависно од естетски доживувања и тоа ние треба да го пренесеме кон самите студенти, да они полесно и побезболно сето тоа го прифатат и го восприемат, рече Коруновски.

Студентите и учениците од средните учулишта денеска работеа класично сликарство. Целта на Коруновски е да им го олесни патот на цртежот до современата фигурација.

-Имам студенти од самиот Факултет, имаме од средните школи, бидејќи они работат класично сликарство, целта ми беше да им го олеснам патот на цртежот до современата фигурација, посочи Коруновски

Фестивалот на уметноста започна вчера, а ќе трае до утре, 17 мај.

Би можело да ве интересира

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Љутков-Тодоров: Продолжуваме да ја развиваме меѓусебната соработка

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди