Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Од:

Утринава во близина на Сињ се случи сообраќајна несреќа.

„Утрово околу седум часот се случи сообраќајна незгода во градот Брнаже, кога патничко возило излета од коловозот и потоа удри во ѕид. Во возилото имало неколку лица. Четири лица загинале на местото на настанот, а останатите лица кои биле внатре се пренесени во болница. Според првичните информации, загинатите најверојатно се мигранти“, соопштија од полицијата.

DalmacijaNews дознава дека до несреќата дошло при полициска потера на шверцер на мигранти. Бркотницата, како што пишуваат, се случила утринава пред седум часот кога автомобил со унгарски таблички од засега непознати причини удрил во ѕид од семејната куќа.

Би можело да ве интересира

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја

Тројца мртви мажи пронајдени во викендичка во Хрватска