Речен брод денеска удри во мостот на островот Пеликан во Галверстон, Тексас. Како што пренесува Click2Houston, полицијата и другите спасувачки служби го блокирале целиот сообраќај.
Засега не е познато како дошло до судирот, ниту дали има повредени. Официјални лица рекоа дека нафтата се излеа од бродот по судирот.
Да потсетиме, слична несреќа се случи на крајот на март во Балтимор, кога брод удри во мостот „Френсис Скот Ки“ и целосно го урна.