Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Од:

Целосно е јасно дека верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна Северна Македонија претставува предуслов за која било разврска на нејзиниот европски пат и ние ќе бидеме строги во однос на ова почитување, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија, неколку пати повтори дека почитувањето и усогласувањето со Договорот од Преспа е нивното главно барање и коментираше дека се „исклучително незадоволни“ од она што се случи на инаугурацијата на претседателката.

-Постои многу структуриран план кој поаѓа од фактот дека грчката Влада ја поддржува европската перспектива на сите држави од Западен Балкан. Грција беше земјата која ги започна процедурите за интеграција во европското семејство. Врз основа на ова, денес сме исклучително незадоволни од разврската, рече Герапетритис.

Повтори дека од Атина имало брзи рефлекси, но и организирана реакција, како од Европа и САД така и од другите земји.

Посочи дека во овој момент и меѓународното право и Уставот налагаат „Северна Македонија целосно да го почитува Договорот од Преспа“.

Во однос на ратификацијата на меморандумите во Парламентот, посочи дека тоа ќе се случи „кога Грција ќе оцени дека има целосно почитување на Договорот од Преспа“.

-За мене неразбирлив е ставот на опозицијата, несфатлив бидејќи во овој конкретен момент ќе достават предлог закон за ратификација на меморандумите, кога е очигледно дека од другата страна нема расположение за усогласување, рече Герапетритис.

Опозициската СИРИЗА денеска во форма на предлог закони во парламентот ги достави меморандумите за соработка.

Би можело да ве интересира

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија