Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека владата одлучила да ги ублажи регулативите и значително да ја зголеми квотата на странски работници во Израел, бидејќи земјата се соочува со недостиг на работна сила поради војната во Газа.
Меѓу чекорите што Израел ќе ги преземе е да дозволи влез на повеќе од 300.000 странски работници или до 3,3 отсто од населението.
Зголемувањето на квотата за странски работници има за цел да го покрие недостигот на работна сила во економијата, вклучително градежништвото, земјоделството и медицинската нега, се вели во соопштението на владата.
„Ова е важна одлука за бизнисите, за нашата економија и за нашата безбедност“, рече Нетанјаху.