Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Од:

Дваесет и осум лица, од кои девет странци, се уапсени денеска кога полицијата ги иселуваше студентите кои претходната вечер го окупираа Правниот факултет во Атина „во знак на солидарност со Палестина“, соопшти полицијата.

Приведените се пријавувани за нарушен јавен ред и мир, нанесување штета и непослушност, соопшти полицијата.

– Уапсените странци, една Шпанка, три Французинки, две Германки, две Италијанки и една Британка немаат никаква врска со правниот факултет во Атина, соопшти полицијата.

Полицијата запленила шлемови, стaпови и транспаренти.

Во последните месеци во Атина беа одржани бројни пропалестински демонстрации, главно на покана на левичарски групи, поради продолжувањето на војната во Појасот Газа, но тие не беа проследени со големи немири.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк